Иди Шетај!

COVID-19 Панел - Сите информации поврзани со моменталната ситуација

blog-cover

Будимпешта, Унгарија



Будимпешта (унгарски: Budapest) е главен град на Унгарија[1] и нејзин основен политички, културен, трговски, индустриски и транспортен центар.[2] Во 2010 година, во Будимпешта бројот на населението изнесува 1,721,556[3], што е пад од средината на 1980-тите, кога тоа било 2,1 милиони луѓе.

Градот има големина од 525 км2.[4] Будимпешта станал единствен град кој ги зафаќа двата брега на Дунав со спојувањето од 17 ноември 1873 година на десниот (западен) брег Будим (или Буда) и Обуда и левиот (источен) брег Пешта.[4][5]

Аквинк (Aquincum) кој преставува келтскa колонија[6] е и директниот потомок на Будимпешта[7], станувајќи главен град на на римската провинција Долна Панонија.[6] Унгарците дошле на територијата на Будимпешта во IX век.
Нивната прва колонија била уништена од Монголите во 1241-42 година. Реизградената Будимпешта станува центар на ренесансно-хуманистичката култура[8] во XV век. После Мохачката битка од 1526 година и приближно после 150 години Отоманско владеење[9], со развитокот на регионот во XVIII и XIX век, после унификацијата од 1873 Будимпешта станува глобална метропола[10].

Исто така станал и вториот главен град на Австроунгарија, голема сила која што се растури во 1918. Будимпешта претставувала жаришна точка на Унгарската револуција од 1848, Унгарската Советска Република формирана во 1919, Битката за Будимпешта од 1945 и револуцијата од 1956.

Почитувана како една од најубавите градови на Европа,[1][11][12] нејзиното светско наследство ги вклучува двата брега на Дунав, Замокот Буда, Авенијата Андреси, Плоштадот на хероите и Милениум метрото коешто претставува второ најстаро метро во светот.[11][13] Исто така други значајни точки во градот се тоа што таму се наоѓа втората најголема синагога во светот, како и третиот светски најголем парламент.






Понуда од туристички агенции:



НАПОМЕНА: ВО ОВОЈ МОМЕНТ НИЕДНА ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА НЕМА АКТИВНА ПОНУДА ЗА ОВАА ДЕСТИНАЦИЈА, ПОРАДИ КОВИД СИТУАЦИЈАТА

#ЗаследиНе

Биди во тек со сите новости!

Пријави ja твојата е-маил адреса за неделни совети за патување и ексклузивни понуди.
Прифаќам да добивам е-маил пораки од Оди Шетај кои ќе имаат содржини за патување, промоции, реклами, анкети и понуди од трети страни.