Иди Шетај!

COVID-19 Панел - Сите информации поврзани со моменталната ситуација

blog-cover

Љуботен, Шар Планина



Љуботен — планински врв висок 2498 метри, прв на главното било и срт на Шар Планина. Иако не е највисок врв на Шара, поради своите црти и поради издвоеноста од другите, тој е највпечатлива шарпланинска точка, и еден од најубавите врвови на Шара. Поради својот облик на пирамида, и поради својата забележливост од сите страни и од поголеми далечини, за Љуботен се искористени многу епитети - тој е моќен, грамаден, величествен, импресивен, кршен, горд, волшебен... Ова доволно зборува за него

Од исток и југ тој е богат со шума, а над самиот шумски појас од двете негови страни се простираат големи пасишта. На југозападната страна, веднаш под врвот, се наоѓа најголемиот каменест варовнички сипар во Македонија и пошироко, кој популарно е наречен Козја Карпа. Од Љуботенскиот масив се формираат неколку реки: Јажиначка, Страшка, Глобочичка, Љуботенска, Мала Река, итн.

Под самиот врв, се наоѓа и туристички објект - тоа е планинарскиот дом „Љуботен“. Од овој дом, искачувањето до самиот врв трае околу 1,5 часа. Треба да се спомене дека овој дом, освен за до врвот Љуботен, е стартна точка и кон неколку други врвови (пред се Ливадица), како и кон Ливадичкото езеро. Воедно, врвот Љуботен е и прва контролна точка на планинарската Западната македонска трансверзала - Љуботен-Охрид. Под самиот врв, има и неколку бачила.








Понуда од туристички агенции:



НАПОМЕНА: ВО ОВОЈ МОМЕНТ НИЕДНА ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА НЕМА АКТИВНА ПОНУДА ЗА ОВАА ДЕСТИНАЦИЈА, ПОРАДИ КОВИД СИТУАЦИЈАТА

#ЗаследиНе

Биди во тек со сите новости!

Пријави ja твојата е-маил адреса за неделни совети за патување и ексклузивни понуди.
Прифаќам да добивам е-маил пораки од Оди Шетај кои ќе имаат содржини за патување, промоции, реклами, анкети и понуди од трети страни.