Маврово — село во Општина Маврово и Ростуше, сместено на брегот на Мавровското Езеро. Селото претставува
еден од најпознатите зимски туристички центри во Македонија.
Географија
Селото Маврово е сместено во рамките на најголемиот национален парк во Македонија — Националниот парк
Маврово — на јужниот брег на Мавровското Eзеро[2]. Сместено е под падината на планината Бистра на
надморска височина од 1240 метри, со што тоа претставува планинско село[2]. Има голема ширина којa што
зафаќа простор од 31,3 км2, на кој преовладуваат пасиштата на површина од 1517 ха, шумите заземаат 1452
ха, а на об работливото земјиште отпаѓаат 117 ха[2].
Според записите на Ѓорче Петров од 1896 година, на
крајот на XIX век, Маврово било распрснато и раздробрено село така што неговата обиколка имала околу 1½
час[3]. Разделено било на 8 маала: Ненчеви, Влаовци, Кичиковци, Бајрамовци, Шамамовци, Шарковци,
Ариќевци, Фешековци[3]. Во тоа време Маврово се делело на два дела: Горни крај и Долни крај, при што
првиот бил сместен во еден дол наречен Речиште, а долниот во еден дол на рамното[3]. По Речиштето тече
еден поток кој ги собира водите од околните гори, а се губи во Мавровското Поле[3]. Маврово било
последното село на тетовската каза на југ – југозапад од Тетово од каде до него имало 10 часа пат[3].
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен
(Nahiye-I Kalkandelen) под името Мавриани со 20 христијански семејства и 2 неженети христијани.[4]
Поопширен запис за местоположбата, минатото, името и животот во Маврово дал македонскиот револуционер
Ѓорче Петров во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година. Според неговите
записи Маврово, македонско село среде Мавровското Поле кое што за даноци спахилак давало 200 лири
годишно, а беглик - данок на добиток 200 глави[3].
Некогаш Маврово било на ½ час преку реката
поназапад
од денешното село, на Кожа Планина во едно место коешто некогаш било покриено само со гори, а сега е со
ливади[3]. Тогашните мавровци биле јунаци кои ништо не признавале над себеси[3]. Разбојниците од Маврово
биле толку силни што оделе на грабежи во областа Малесија во Албанија[3], од каде пак често доаѓале
качачки банди кои грабале низ Македонија. За криење на трагите на нивните разбојнички подвизи многу им
помагале горите[3].
Прочуени биле разбојниците од семејството Мајовци кои еднаш нападнале едно албанско
село во Малесија и го ограбиле, а по малку време тие биле обратно нападнати од силна арнаутска дружина
при што селото било запустено, а многу од жителите истребени[3]. Останатите жители го обновиле селото
Маврово на неговото сегашно место[3]. Над Маврово и недалеку од него се Мавровскита анови на дебарскиот
пат. Бидејќи е блиску до Бунец каде што е збирното место на арнаутските чети по нападите и
пљачкосувањата во западна Македонија и Влаиница којашто служи како место за преминување од Буковиќ на
Шар Планина на албанските разбојнички чети, тоа поле е многу опасно место[3]. За да можат да живеат
малку послободно и да се избават од постојаните напади на четите и големите даноци кои им ги наложуваат
Арнаутите, селаните од тие села плаќаат по 50 лири на најсилните од војводите на тие дружини[3]. Маврово
плаќаlo на тројца такви војводи околу 300 лири[3].
Според записите на Ѓорче Петров, тамошните луѓе се
многу убави, а воопшто, племето на Мијаците се одликува по правилноста на цртите и по сразмерноста во
градбата на телото[3]. Сепак, жителите на тие села се особено убави, тие се високи, крупни, стројни и со
црвени лица[3].
Името Маврово значи Црно Поле, било дадено на областа по некоја голема битка во минатото. Мавровското
(Црно) Поле, било потопено во 1953 година, со цел да се направи познатото вештачко Мавровско Eзеро.
Денес, во контекст на тоа, доказ е старата селска црква Свети Никола, која редовно може да се види
потопена во вода.
Понуда од туристички агенции:
НАПОМЕНА: ВО ОВОЈ МОМЕНТ НИЕДНА ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА НЕМА АКТИВНА ПОНУДА ЗА
ОВАА ДЕСТИНАЦИЈА, ПОРАДИ КОВИД СИТУАЦИЈАТА