Порто (португалски: Porto, Порту) — втор најголем град во Португалија по Лисабон и еден од големите
урбани области на Пиринејскиот Полуостров. Урбаната област на Порто, која се претега преку
административните граници на градот, има население од 1,4 милиони жители (2011) [4] на површина од 389
км2,[1] со што е втора најголема урбана област во Португалија. Метрополитенската област на Порто, пак,
вклучува приближно 1,8 милиони жители.
Со местоположба на устието на реката Дуеро на северот на Португалија, Порто е еден од најстарите
европски градови, и историскиот центар на градот е прогласен за светско наследство на УНЕСКО од 1996
година. Западниот дел од урбаната област на градот се протега до крајбрежјето на Атлантскиот Океан.
Населбата датира од пред многу векови, кога била бастион на Римското Царство. Комбинираното
келтско-латинско име, Портус Кале,[8] било наведено како потекло на името „Португалија“, врз основа на
транслитерација и усна еволуција од латински јазик. На португалски јазик името на градот се пишува со
одрреден член („о Порто“ што означува пристаништето).
Понуда од туристички агенции:
НАПОМЕНА: ВО ОВОЈ МОМЕНТ НИЕДНА ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА НЕМА АКТИВНА ПОНУДА ЗА
ОВАА ДЕСТИНАЦИЈА, ПОРАДИ КОВИД СИТУАЦИЈАТА
#ЗаследиНе
Биди во тек со сите новости!
Пријави ja твојата е-маил адреса за неделни совети за патување и ексклузивни
понуди.