Иди Шетај!

COVID-19 Панел - Сите информации поврзани со моменталната ситуација

blog-cover

Санторини, Грција



Санторини (грчки: 'Σαντορίνη') е мал, тркалезен архипелаг на вулкански острови сместен во јужниот дел на Егејското Море, околу 200 км југоисточно од копното на Грција. Исто така е познато под името Тера (Θήρα). Ја сочинуваат најјужниот член на групата острови Киклади, со површина од приближно 73 км2 и според пописот на население од 2001 година со население од 13.670 жители.



Географија


Го сочинуваат Општината Тира (12.440 жители) и заедницата Ија (1.230 жители, од кои 268 жители со постојано живеалиште на крајбрежниот остров Терасиа, кој се наоѓа на запад). Двата зафаќаат вкупна површина од 90,623 км2, каде се вклучени и ненаселените острови Неа Камени, Палeа Камени, Аспрониси и Кристиана (сите се дел од Општината Тира). Санторини всушност е она што останало од една голема вулканска експлозија, уништувајќи ги раните населби на она што порано било само еден остров и предизвикало да се создаде сегашната геолошка калдера. Неговата спектакуларна физичка убавина заедно со динамичниот ноќен живот го направиле островот во едно од најпривлечните места за туристите во Европа.

Големата централна лагуна, повеќе или помалку правоаголна и зафаќа површина од околу 12 км до 7 км, од трите страни е обиколено со 300m огромно високи гребени. Островот се спушта надолу од гребените до Егејското Море кое го обиколува. На четвртата страна лагуната е одделена од морето од еден друг многу помал остров наречен Терасиа;


Историја


Вулканска ерупција


Разурнувачката вулканска ерупција на Тера станала најпознат настан кој се случил во Егејското Море и пред падот на Троја. Тоа можеби и била најголемата вулканска ерупција што се случила на Земјава во последниве неколку илјадици години.

Силната ерупција била со центар на малиот остров само малку на север од постоечкиот остров Неа Камени во центарот на калдерата; самата калдера била создадена пред неколку стотици илјади години со паѓањето на центарот на тркалезниот остров предизвикано од испразнувањето на собата со магма за време на ерупцијата.

Од тогаш тоа неколку пати се полнело со игнимбрите и тој процес се повторувал неколку пати, најбрзо се случило пред околу 21,000 години. Северниот дел на калдерата повторно бил наполнет од страна на вулканот и потоа пак се срушила за време на минојската ерупција. Пред минојската ерупција, калдера сочинувала скоро продлжен прстен со само еден влез помеѓу малите острови Аспрониси и Тера; ерупцијата уништила некои делови од прстенот помеѓу Аспрониси и Терасија и помеѓу Терасија и Тера, создавајќи при тоа 2 нови канали. На Санторини може да се пронајдат и резерви на бела тефра кои се создале при ерупцијата, а се наоѓа до 60 м дебелина покривајќи ја почвата и со тоа го означува нивото на почвата пред ерупцијата и формира слој кој е поделен во 3 сосема различни групи кои укажуваат на различните фази на ерупцијата. Новите археолошки истражувања кои биле правени во 2006 година од страна на екипа странски научници, откриле дека овај настан во Санторини бил дури и поголем отколку што се мислело претходно; тој исфрлил 61км2 магма и карпи во атмосферата на Земјата во споредба со претходно утврдените 39 км2 во 1991 година, создавајќи ги проценетите 100 км2 тефра.

Во последниве 5.000 години само вулканската ерупција на Планината Тамбора во 1815 година, ерупцијата на Езерото Таупо во 181 година н.е, а можеби и ерупцијата на планината Пекту во 969 година н.е испуштиле повеќе материјал во атмосферата.






Понуда од туристички агенции:



НАПОМЕНА: ВО ОВОЈ МОМЕНТ НИЕДНА ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА НЕМА АКТИВНА ПОНУДА ЗА ОВАА ДЕСТИНАЦИЈА, ПОРАДИ КОВИД СИТУАЦИЈАТА

#ЗаследиНе

Биди во тек со сите новости!

Пријави ja твојата е-маил адреса за неделни совети за патување и ексклузивни понуди.
Прифаќам да добивам е-маил пораки од Оди Шетај кои ќе имаат содржини за патување, промоции, реклами, анкети и понуди од трети страни.